а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дреме

дремат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Спие во плиток сон.
Англиски: doze Албански: një sy gjumë
Примери:
Дремел во колата.
Дремеше немирно.
2. Мирува, не работи.
Англиски: idle Албански: rri kot
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дремеш со скрстени раце.
Дремат ретките дрвја.
3. (ми, ти, му... се дреме) Чувствувам дремка, имам потреба од дремка.
Англиски: doze Албански: një sy gjumë
Примери:
Мене ми се дреме.
Изведенки
дремење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи