а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

до

Вид збор: Предлог
1. Простор, близина, непосредно соседство, местоположба покрај некого или нешто.
Англиски: beside
Примери:
До куќата имаше неколку стари греди.
Се поздрави и седна до него.
2. Досегање до некоја граница, вршење дејство до определено место.
Англиски: until
Примери:
Дојдов до потокот и се вратив.
Книгата ја прочита само до средина оти не беше интересна.
3. Близина на истородни поими во некаква нареденост.
Англиски: close
Примери:
(нар.поез.) Коњ до коња, јунак до јунака.
Сето кажување му беше лага до лага.
4. Насоченост на дејството кон внатрешноста на објектот.
Примери:
Скокни до самопослугата да купиш кафе.
5. Граничен временски период до кој досега некое дејство.
Англиски: until
Примери:
До пензионирањето останал директор.
Сметавме дека е така сè до твоето објаснување.
6. Нагласена крајна фаза на некое дејство, резултат или последица од некое дејство.
Англиски: until
Примери:
Се бореле до уништување.
Вратните жили му набрекнале до прснување.
7. временска отсечка
Примери:
По неколкуте гранични инциденти, дојде до заладување на односите.
8. желба, намера, цел
Примери:
Кому му е до пеење, нека си пее.
Не ми е до смеење.
9. приближно количество
Примери:
Во трлото имаше до двесте овци.
10. причина, зависност
Примери:
До фудбалот е, не е до радиопреносите.
11. Упатеност, насоченост кон некого или кон нешто.
Примери:
Се обратив до Министерството за труд и социјална политика.
12. Истакнување, потсилување на некој збор во исказот.
Примери:
(нар.поез.) Ја почекај да ти кажам, до два збора, до два изгора.
13. сè, целосно
Англиски: completely
Употреба: Разговорно
Примери:
До што беше живо, сè избега од селото.
14. Заедно со од, крајна точка на нешто во однос на некој познат почеток.
Англиски: till
Примери:
Од Скопје до Охрид се одело само преку Битола.
Се веселеле од недела до недела.
Изрази
До бога - извик за силно чувствено реагирање.
До век/До гроб /До живот - до крајот на животот.
До еден - секој, сите, до последен.
Од игла до локомотива - изобилство, сè, сешто.
Од ноќ до ноќ - постојано, без прекин.
Изведенки
до прил.
(нар. поез., разг.) До што; сите до еден.
Пример: Да претресат до што е партал на него. До што пресеков лубеница беа како твојата уста.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи