а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дојде

дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, пристигне.
Англиски: arrive Албански: arriti
Примери:
Дојди да ти кажам нешто.
Војниците дојдоа во селото.
2. (Си) се врати дома, во своето место (град, село).
Англиски: return Албански: kthej
Примери:
Синот (си) дојде од војска.
Денес си дојдоа порано.
3. Пристигне нешто.
Англиски: arrive Албански: arriti
Примери:
Дојде писмото од татко ти.
Дојдоа книгите.
4. За нешта што се примаат со сетилата, се почувствува.
Англиски: sense Албански: ndjej
Примери:
Дојде звук на камбана.
Одеднаш дојде силна топлина.
Дојде силна миризба на чад.
5. За вода – надојде.
Албански: rrjedh
Примери:
Реката дојде до првите куќи.
6. За време, сезона, празник и сл.
Англиски: come Албански: vjen
Примери:
Дојде пролетта.
Дојде осум часот.
Дојде Велигден.
7. Припадне, добие (дел при поделба).
Англиски: receive Албански: merr
Употреба: Разговорно
Примери:
На секого му дојдоа по две круши.
8. Се покаже, испадне некаков.
Албански: doli
Примери:
Фустанот дојде малку тесен.
Ѕидот дошол накриво.
9. Ми (ти, му ...) Добие некакво расположение.
Англиски: feel Албански: i erdh
Употреба: Безлично
Примери:
Му дојде жал.
Ми дојде да се расплачам, да викам.
И војната ни дојде на глава.
10. Во состави со предлог и некои именки.
Англиски: come
Примери:
Дојде на власт (на положба).
Дојде до израз.
Дојде на ред (му дојде редот).
Дојде до збор.
Дојде до заклучок.
Изрази
(книж.) Дојде на свет - се роди.
Дојде на себе - се поврати во нормална состојба, од претрпен шок.
Дојде на глава - погоди (вообичаена) грижа некого.
Дојде на памет (на ум) - се сети за нешто, му текне нешто.
(Му) дојде паметот (умот) - се опамети.
Дојде до него /до уши - разбере нешто.
Дојде до рака/на рака - е во контакт со нешто.
(разг., арх.) Дојде до акал - надмудри, совлада некого.
(Му) дојде зорт - е во неволја.
Му дојде душата во носот - се преплаши.
Ќе дојде колце на тркалце - ќе се промени ситуацијата.
Изведенки
1. дојдува несв.
дојдуваат
повт.
2. дојдување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи