а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дочуе

дочујат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Успее да чуе.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Примери:
Дочу една позната свирка.
Не ги дочу последните зборови на мајка си.
2. Дознае, разбере.
Англиски: find out Албански: kuptoj
Примери:
Дочул нешто важно за мене.
Дочуја и в село за потерата.
Изведенки
дочува несв.
дочуваат
Не ми се дослушува, не слушам добро.
Пример: Не ти се дочува како што треба.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи