а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дочека

дочекаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Помине извесно време во очекување на некого или нешто.
Латински: pres Англиски: receive
Примери:
Го дочекал во канцеларија.
Ги дочекаа работниците.
2. Очекува, се случи, доживее некој момент, настан и сл.
Англиски: experience Албански: pres, përjetoj
Примери:
Што времиња дочекавме.
Ја дочекал на раце.
Ја дочека пролетта.
Дочекавме слобода.
3. Прими, поздрави гости.
Англиски: receive Албански: pres, priti
Примери:
Ги дочекаа гостите со радост.
Како мајка моја да ја дочекаш.
4. Пресретне, спротивстави во борба.
Англиски: encounter Албански: pres, ndesh
Примери:
Да го дочекаме непријателот.
Јуначки ја дочекаа војската.
Законот беше дочекан на нож.
Изрази
(клетва) Бел ден да не дочека.
Кој чека, ќе дочека.
Изведенки
1. дочекува несв.
дочекуваат
2. дочекување ср.
мн. дочекувања
глаг. им.
Пример: Зачестија со разните приеми и свечени дочекувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи