а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

достигне

достигнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стигне, стаса некого или нешто што се движи.
Англиски: catch up Албански: arrij, mbrrij
Примери:
Таа одвај ги достигна другите жени.
Кучињата го достигнаа волкот.
2. Стаса, дојде, допре до / од некого, до нешто или до некаде.
Англиски: reach Албански: arrij, kap
Примери:
Од зад планината достигнаа татнежи.
Детето не можеше да достигне до кваката.
Тој не ја достигна гранката со зрелите цреши.
3. Нешто во својот тек или развој дојде до извесен степен.
Англиски: achieve Албански: arrij, mbrrij
Примери:
Битката ја достигна својата врвна точка.
Нивните караници ја достигнаа полната мера на гордост и бруталност.
Потрошувачката на шеќер ќе достигне до планираното ниво.
4. Стаса, го има во доволна мера.
Англиски: suffice Албански: mjafton, kënaq
Примери:
Храната не ни достигна до крајот на неделата.
Овие тули ќе достигнат да направиме гаража.
Изведенки
1. достигнува несв.
достигнуваат
2. достига несв.
достигаат
3. достигање ср.
мн. достигања
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи