а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

достапен

достапниот
Вид збор: Придавка
1. Што е пристапен, прооден, до кој може да се дојде.
Англиски: accessible Албански: i arritshëm
Примери:
Пештерата е достапна само по воден пат.
Овој дел од планината е пуст и тешко достапен.
2. Што е разбирлив, сфатлив.
Англиски: comprehensible Албански: i kapshëm
Примери:
За да ги направат апокрифните текстови подостапни за народот, ги украсувале со современата народна поетика.
Треба да се изнајдат форма и јазик што ќе бидат достапни за нив.
3. Што може да се види, да се посети.
Англиски: available Албански: i disponueshëm
Примери:
Книгата ќе им биде достапна на широк круг читатели.
Старите споменици станаа достапни за секого.
4. Што е отворен, комуникативен, што лесно стапува во контакт со другите.
Албански: i hapur
Примери:
Секогаш намуртен и затворен во себе, тој не беше достапен за блиско другарство.
Тој беше питом и достапен човек.
Изведенки
1. достапно прил.
Пример: Сето тоа наеднаш ми стана достапно.
2. достапност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи