а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доспее

доспеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. успее, постигне
Англиски: achieve Албански: arrij
Примери:
Доспеа да го види синот како генерал.
2. созрее
Англиски: ripen, mature Албански: piqem
Примери:
Сливите веќе доспеале.
3. Стигне рок за наплата.
Англиски: mature
Употреба: Економија
Примери:
Кога ќе доспее рокот за наплата, доверителот има право да бара наплата на долгот.
Изведенки
1. доспева несв.
доспеваат
Пример: Според согледувањата голем дел од главницата на надворешниот долг доспеваат наскоро.
2. доспевање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи