а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

досегне

досегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Дофати нешто со рака или со помош на соодветно орудие.
Англиски: reach Албански: kap
Примери:
Тие досегнаа до пониските гранки на црешата и ги обраа.
Детето одвај можеше да ги досегне косите на мајка си.
2. Допре до нешто.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Нозете не можеа да му досегнат до подот.
Тука езерото беше плитко и веслото досегна до дното.
3. Се простре, се протегне до нешто.
Англиски: spread Албански: shtrihet
Примери:
Погледот му досегна далеку.
Боровата шума досега до хотелот.
Посевите со житни култури досегнале до реката.
Изведенки
1. досегнува несв.
досегнуваат
2. досега несв.
досегаат
3. досегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи