а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

досади

досадат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив.
Англиски: bore Албански: mërzit
Примери:
Разговорите на таа тема веќе му досадија.
Му досади постојаното плачење на детето.
Тој им досадил со своите проблеми.
2. (се досади, само несв.) Го поминува времето во досада, не знае што да прави.
Англиски: bore Албански: mërzit
Примери:
Тие се досадуваа чекајќи го да дојде.
3. (ми, ти, му...се досади) Му се здодее, му се смачи од нешто.
Англиски: bore Албански: mërzitet
Примери:
Ми се досади од учење непотребни работи.
Сигурно му се досадило да седи сам дома.
Изведенки
1. досадува несв.
(се) досадуваат
2. досадување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи