а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дополни

дополнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Дотури, додаде во нешто да стане полно.
Англиски: fill up Албански: mbush
Примери:
Застана да го дополни резервоарот со бензин.
Тој му ја дополни чашата со ракија.
2. Каже, додаде нешто при зборување.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Таа го дополни кажувањето на мајка си.
3. Прави да биде комплетен, комплетира.
Англиски: complete Албански: kompletoj
Примери:
Си ја дополни мислата загледан во реката.
Топлото сончево време само ја дополни пријатната глетка.
4. (се дополни) Додаде нешто во својот исказ, се доискаже.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Сега е сѐ смалено, си рече, и не само смалено, се дополни, туку и испразнето.
„Шета по реката“, викна жената, „државата плаќа“, гневно се дополни.
5. (се дополни) Се потполни, се комплетира нешто.
Англиски: complete Албански: kompletoj
Примери:
Неговиот животопис треба да се дополни.
Објаснувањата треба да се дополнат и доуточнат.
6. (се дополни) (само мн.) Се поврзе во целина едното со другото, претставува дополнение едното на другото.
Англиски: complement Албански: kompletohet
Примери:
Сите тие работи се дополнуваа една со друга.
Овие две тврдења никако не се исклучуваат, ами само се дополнуваат.
Изведенки
1. дополнува несв.
(се) дополнуваат
2. дополнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи