а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доплати

доплатат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Плати, исплати до крај.
Англиски: pay out Албански: paguaj krejt
Примери:
Разликата беше доплатена со државни пари.
Ја доплативме и последната рата од кредитот.
2. Плати уште, плати дополнително.
Англиски: pay additional Албански: paguaj plotësisht
Примери:
Треба да му доплатам на кројачот за облеката.
Тие доплатија за вградувањето на новите елементи во кујната.
Изведенки
1. доплатува несв.
доплатуваат
2. доплатување ср.
глаг. им.
3. доплаќа несв.
доплаќаат
4. доплаќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи