а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

допир

мн. допири
Вид збор: Именка, машки род
1. Еден од петте надворешни осети што се прима преку кожата.
Англиски: touch Албански: prekje
Употреба: Медицина
Примери:
Почувствува болка при допирот со жешкото железо.
2. Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг.
Англиски: touch Албански: prekje
Примери:
Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело.
Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод.
Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето.
3. Непосреден однос, врска, контакт; меѓусебно запознавање со некого или со нешто.
Англиски: contact Албански: lidhje
Примери:
Како учител, тој бил во постојан допир со народот.
Стапил во допир со редакцијата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи