а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

донесе

донесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пренесе, предаде некому нешто носејќи го од некаде.
Англиски: bring Албански: sjell
Примери:
Донеси вода во ѓумовите.
Му донела нешто за јадење.
Бротчето донесе патници.
Дедо Мраз ќе им донесе подароци на децата.
2. Доведе некого од некаде до определено место.
Англиски: bring Албански: çoj
Примери:
Зборувате како да ве донеле од улица.
Го донесе коњот до коритото на чешмата.
Тука патот ме донесе.
Некој му го донесе коњот што му го украдоа.
3. Назначи некого на некое работно место, на некоја функција.
Англиски: appoint Албански: caktoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Стариот учител го отстранија, нов донесоа.
4. Даде некаква материјална корист некому (приход, добивка) или доведе до некакво признание (награда, победа).
Англиски: bring Албански: bie
Примери:
Лозјето му донесе добар приход.
Романот му ја донесе првата награда на конкурсот.
5. Предизвика нешто, стане причина за нешто.
Англиски: bring Албански: shkaktoj
Примери:
Тој беше човек што може да донесе грижи.
Таа со себе донесе немир.
6. Објави, усвои нешто (закон, пропис, заклучок).
Англиски: pronounce Албански: shpall
Примери:
донесе одлука, донесе пресуда
донесе заклучок
7. Соопшти, пренесе глас, вест од некаде.
Англиски: bring
Примери:
Весниците ги донесоа првите резултати од изборите.
8. Дојде, се случи нешто во текот на времето.
Англиски: bring
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ноќта донесе рафали.
Тоа лето го донесе почетокот на војната.
Утрото донесе многу ладен воздух.
9. За кокошка - престане да несе јајца.
Примери:
Кокошките се стари, ќе донесат наскоро.
Изрази
Донесе срам - засрами, усрами некого.
Донесе на свет - роди дете, се породи.
Господ (го) донесе - дојде на време, токму тогаш кога треба.
Изведенки
1. донесува несв.
донесуваат
2. донесување ср.
глаг. им.
3. донесувач м.
мн. донесувачи
Тој што донесува нешто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи