а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дома

Вид збор: Прилог
1. Во својот дом, в куќи.
Англиски: at home Албански: në shtëpi
Примери:
Имам работа дома.
Татко му е дома.
Оди си дома.
Се враќаше дома кај своите.
Дома нема никој.
2. За означување на најблиските, на семејството.
Англиски: in the family Албански: në familje
Примери:
Дома како сте?
3. За означување на домашниот терен на кој се игра некој натпревар.
Англиски: at home Албански: në shtëpi
Употреба: Спорт
Примери:
Германија загуби од Холандија дома.
Кипар дома ја победи Малта.
Изрази
Како дома да (е) - се однесува, се чувствува многу добро, удобно, спокојно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи