а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

должник

мн. должници
Вид збор: Именка, машки род
1. Лице што има долг, што должи некому нешто.
Англиски: debtor Албански: debitor, borxhli
Употреба: Економија
Примери:
Во определените рокови за отплаќање на ратите, должникот се јавуваше сам.
Дај ми го списокот на должниците.
2. Лице што треба да исполни некоја морална обврска или должност.
Англиски: debtor Албански: obligim, borxh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние сме му должници на оној што го донесе огнот.
Изведенки
должнички прид.
должничка
Пример: Должничка криза.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи