а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

должи

должат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Има долг, должен е некому.
Англиски: owe Албански: detyrohem, kam borxh
Примери:
Ти ми должиш мене пари и брашно.
Уште ми ги должи парите што му ги дадов.
2. Има морална обврска спрема некого.
Англиски: owe Албански: obligim, borxh
Примери:
Својот живот му го должам само на еден човек.
Верувам дека ова што сум сега им го должам на родителите.
На децата им должиме големо внимание.
3. Има задолжение да направи нешто, да возврати или даде некому нешто.
Англиски: owe Албански: obligim, borxh
Примери:
Тој ѝ должеше извинување.
Јас ви должам објаснување.
Тој е должен да го знае тоа.
4. (се должи) (само во 3 л. едн. и мн.) Произлегува од нешто, е резултат на нешто.
Англиски: owe Албански: përkas
Примери:
Сè што постигнала се должи на нејзините две раце.
Ваквиот успех се должи на самостојната работа на учениците.
Добрите резултати се должат, пред сè, на целосното ангажирање на сите вработени.
5. Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго.
Англиски: extend Албански: zgjas
Примери:
Облаците ги должеа своите сенки.
Таа знаеше да ги должи вечерите како преѓата на своето вретено.
6. Излага, раскажува опширно, со многу детали (за говор, разговор).
Англиски: prolong Албански: zgjas
Примери:
Нема да должам многу во кажувањето.
Должиш како роман во продолженија.
7. (се должи) Се протега во еден правец, се издолжува.
Англиски: extend Албански: zgjatoj
Примери:
Патот се должи, крај нема.
Меѓу нив се должеа железни сенки.
По црната површина на езерото почнаа да играат сенките, да се должат.
8. (се должи) Се развлекува, трае многу долго.
Англиски: stretch Албански: zgjas
Примери:
Тишината се должеше во глувиот планински дол.
Се должеше гласот на калуѓерот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи