а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

должина

мн. должини
Вид збор: Именка, женски род
1. Простирање, протегање на нешто од едниот до другиот спротивен крај, обично во хоризонтален правец.
Англиски: length Албански: gjatësi
Употреба: Физика
Примери:
Во должина на пристанишниот кеј лежеа купишта сандаци.
Улицата беше препречена по целата своја должина.
Се спружи со сета своја должина врз фотелјата.
2. (само едн.) Временско растојание во кое нешто се случува.
Англиски: period Албански: periudhë
Примери:
Вообичаено е должината на часот да трае 45 минути.
Изрази
Географска должина - една од географските координати што ја определува положбата на некоја точка од Земјата според гриничкиот меридијан.
Бранова должина в. бран.
Изведенки
должински прид.
должинскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи