а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

должен

должниот
Вид збор: Придавка
1. Што има долг за плаќање, за враќање.
Англиски: indebted Албански: kam borxh
Употреба: Економија
Примери:
Тој никому должен не останува.
Останаа должни седумнаесет лири.
2. Што има обврска спрема некого или нешто.
Англиски: indebted Албански: kam borxh, obligacion
Примери:
Тој е должен да носи пиење и јадење.
Владата е должна да преземе мерки.
Се чувствуваа должни да се прекрстат.
3. Што е неопходен.
Англиски: necessary Албански: i nevojshëm
Примери:
Треба да му се оддаде должното признание.
Го слушаше со должното внимание.
Изрази
Ни крив ни должен - што нема никаква вина, што е невин.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи