а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

долен

долни
Вид збор: Придавка
1. Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина.
Англиски: lower Албански: më ulët
Примери:
долна усна
долна страна
долни гранки
долни скалила
2. Што се наоѓа на понискиот дел од определен простор.
Англиски: lower Албански: poshtë
Примери:
Тргна по долниот пат.
Куќата беше на долниот крај на селото.
Гостите од долното одајче се разидуваа.
Сонцето ги накачи долните сртови.
3. За облека - што се носи под друга облека, непосредно до телото.
Англиски: under Албански: nën
Примери:
Шеткаше само по долната кошула.
Шиеше долна облека.
Им ги переа долните алишта на офицерите.
4. Што е на понизок степен во определена хиерархија.
Англиски: lower Албански: më ulët
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој бил од долен сој.
Се дружеше со луѓе од долната класа.
Во долните класови целта на наставата е практична.
Го сметаше за подолен од себеси.
5. Што е лош, нечесен.
Англиски: lower Албански: i ulët, i poshtër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Господарот на замокот беше страшливец и долен човек.
Здравјето е најдолен предавник.
Ќе ги примат од нив само долните страни на нивниот карактер.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи