а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

долг

мн. долгови
Вид збор: Именка, машки род
1. Заем во пари или во некоја друга материјална вредност што треба да се врати некому.
Англиски: debt Албански: borxh
Употреба: Економија
Примери:
За невратениот долг им ги земаше нивите.
Имаше долгови во банката.
Фирмата тонеше во долгови.
2. (само едн.) Морална обврска, должност.
Англиски: obligation Албански: obligim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во уводниот дел се потсетува на христијанскиот долг.
Тие исполнуваат еден патриотски долг.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи