а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

долап

мн. долапи
Вид збор: Именка, машки род
1. Вѕидан орман, шкаф за сместување облека, садови и други предмети.
Англиски: cabinet Турски: dolap Албански: dollap
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Одеше кон долапот во кој беа шишињата со ракија.
Долапот беше полн со негови алишта.
2. Направа за црпење вода.
Англиски: water wheel Албански: mjat për nxjerrje uji
Примери:
Вртиме некаков огромен долап за црпење вода.
3. ковчег, сандак
Англиски: casket Албански: arkivol
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Девојката избегала, скриена во еден долап, по море.
4. Ламаринен сад за печење кафе.
Албански: enë për pjekje e kafe
Употреба: Архаизам
Примери:
Кафето го пржат во долапи за кафе или на тигани.
Изведенки
долапче ср.
мн. долапчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи