а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

докрај

Вид збор: Прилог
1. (до крај) За означување некаков момент во времето; до последен момент.
Англиски: until end
Примери:
Таа девојка учествуваше на свеченостите, но никогаш не остануваше докрај.
Ние ветуваме дека ќе издржиме докрај, до конечната победа.
2. За означување краен, последен степен од развојот на нешто.
Англиски: until end
Примери:
Беше решена да оди докрај во својата намера.
Имаше голема желба да го изучи синот докрај.
Сака да ја дотера докрај работата.
3. наполно, целосно, сосема
Англиски: complete
Примери:
Стилот е докрај субјективна и неповторлива појава.
Малку е веројатно дека текот на неговите мисли докрај ќе се поклопи со оние кај другите.
Изрази
Открај - докрај - од едниот до другиот крај, од почеток до крај.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи