а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

докаже

докажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Каже, раскаже нешто до крај.
Англиски: tell Албански: argumentoj, dëshmoj
Примери:
Не ми докажа што стана понатаму.
Селаните не го оставија да докаже до крај.
2. Ја потврди со аргументи вистинитоста, точноста на нешто.
Англиски: prove Албански: dëshmoj
Примери:
Кога ќе докажам со факти, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот.
Докажавме дека е возможно да се бориме и со посилен непријател.
Никој ништо не истражувал и не докажувал.
3. Увери, убеди некого во нешто.
Англиски: convince Албански: bind
Примери:
Докажав дека не ми е страв од оган и смрт.
4. (се докаже) Се истакне, се наметне со својата работа.
Англиски: prove Албански: dëshmoj
Примери:
Ако сака да биде примена кај нас, мора на некој начин да се докаже.
Изведенки
1. докажува несв.
(се) докажуваат
2. докажување ср.
глаг. им.
3. докажаност ж.
Особина на тоа што е докажано.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи