а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доиспрати

доиспратат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Испрати се што било за испраќање.
Англиски: send Албански: dërgoj të gjitha
Примери:
Вчера сестра ми ми ги доиспрати алиштата.
2. Испрати некого до некаде или до крај, до самото место.
Англиски: accompany Албански: përcjell deri në vend
Примери:
Го доиспративме детето до дома.
Изведенки
1. доиспраќа несв.
доиспраќаат
2. доиспратува несв.
доиспратуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи