а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доиспече

доиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Испече сѐ што било за печење.
Англиски: bake Албански: pjek
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ги доиспеков сите пиперки.
2. Испече нешто доволно, до потребната мера, допече.
Англиски: roast Албански: pjek
Примери:
Го доиспеков месото.
3. Учи до крај, добро изучи некаков занает.
Англиски: learn Албански: mëson
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си го доиспекол занаетот како што треба.
4. Пресонча, доизгори на сонце.
Англиски: sun Албански: pjek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сонцето ме доиспече.
5. (се доиспече) Се испече доволно, сосема.
Англиски: bake Албански: pjek
Примери:
Јадењето во рерната се доиспече.
6. (се доиспече) се пресонча
Англиски: burn Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Заспав на плажата и се доиспеков.
Изведенки
1. доиспечува несв.
доиспечуваат
2. доиспекување ср.
глаг. им.
3. доиспекува несв.
доиспекуваат
4. доиспечување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи