а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дозвола

мн. дозволи
Вид збор: Именка, женски род
Усна или писмена согласност за нешто, за вршење некоја работа.
Англиски: permission Албански: leje
Примери:
Пилотот побара дозвола за слетување.
Без писмена дозвола не можете да влезете во Собранието.
Доби дозвола од родителите да оди во кино.
Возачка дозвола.
Дозвола за увоз на стока.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи