а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

додели

доделат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде некому нешто врз некоја основа (награда, помош, стипендија, кредит, милостина).
Англиски: give Албански: jep
Примери:
Послал картонска амбалажа на студениот мост, седнал на неа и очекува да му доделите пари.
Тие му доделија орден за храброст.
2. Стави во должност, определи задача и сл.
Англиски: assign Албански: caktoj
Примери:
Мене ми ги доделија новите војници.
3. Дели, подели до крај сѐ што било за делење, за давање.
Англиски: share Албански: shpërndaj
Примери:
Најпосле решија да го доделат сето она што беше останало.
Изведенки
1. доделува несв.
доделуваат
2. доделување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи