а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

договор

мн. договори
Вид збор: Именка, машки род
1. Постигната согласност, писмена или усна, помеѓу две или повеќе страни за нивните меѓусебни односи, права и задолженија.
Англиски: contract Албански: marrëveshje
Употреба: Правда
Примери:
Денес мораме да потпишеме договор и да ја уплатиме првата рата.
Колективен договор.
Општествен договор.
2. Советување, разговор за донесување заеднички одлуки.
Англиски: discussion
Примери:
Во оваа тивка ноќ се собравме како браќа и луѓе на договор.
3. Заедничка одлука донесена по некој разговор.
Англиски: agreement
Примери:
Телефонскиот договор за средба и интервју беше мошне кус и ефикасен.
Изрази
Договор за дело - двостран договор за извршување и плаќање на определена работа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи