а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добронамерен

добронамерни
Вид збор: Придавка
1. Што има добри намери, што сака да прави добро на другите.
Англиски: well-meant
Примери:
Губернаторот се искажа за него дека е добронамерен човек.
2. Што изразува добри намери кон некого или нешто.
Англиски: well-meant
Примери:
добронамерен укор
добронамерен разговор
Изведенки
1. добронамерно прил.
Со добра намера.
Пример: Тој добронамерно му укажа на грешките.
2. добронамерност ж.
3. добронамерник м.
мн. добронамерници
Пример: Граѓаните им го удрија стапот на моќните добронамерници.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи