а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доба

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
1. време (обично ноќно)
Англиски: period of time Албански: kohë
Примери:
Од темни зори на утрини летни / до никоја доба на вечери зимни / тој гладно пие тагата наша / и потта и крвта и снагата ни. [извор]
Во оваа доба обично ја полнеше печката.
Која доба е сега?
2. возраст, старост
Англиски: age Албански: moshë
Примери:
Сега тие се во онаа доба кога силата ги напушта.
зрела доба
Изрази
Златна доба - најдобри, најуспешни години од развојот на нешто.
Глува доба - време околу полноќ, длабоко во ноќта.
Во никоја доба - многу доцна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи