а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доаѓа

доаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Пристигнува од некаде на кој било начин.
Англиски: arrive Албански: arrij
Примери:
Таа доаѓаше на работа точно во девет часот.
Доаѓаше возот и него го обзеде нестрпливост.
Од фронтот не доаѓаа никакви вести.
2. За вода - дотекува, надоаѓа.
Албански: rrjedh
Примери:
Доаѓаат сите реки и се однесуваат.
Брановите што доаѓаа од ширината, не навлегуваа во пристаништето.
3. За миризба - се шири, се разлева.
Англиски: spread Албански: përhapet
Примери:
Од кафеанчето доаѓаше мирис на топли погачи.
Одвреме-навреме доаѓаше мирис на липи.
4. Ми (ти, му...) посакува; има желба.
Англиски: feel Албански: dëshiron
Примери:
Ми доаѓа да заплачам од радост.
Ѝ доаѓаше да се развреска.
5. обзема, исполнува
Англиски: feel Албански: kaploj
Примери:
Одвреме-навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство.
Му доаѓаше некоја леснина и во мислите изнаоѓаше убави зборови за него.
6. За време - настапува, започнува.
Англиски: come Албански: rezulton
Примери:
Доаѓа време на големи долги ноќи.
Пролетта доаѓаше полека, несигурно.
Изрази
Не доаѓа предвид - не може да се смета на нешто, на некого; никако.
Доаѓа на ум (памет) - помислува, се сети.
Доаѓа на себе - се освестува.
Ми (ти, му...) доаѓа на сон - сонувам.
Изведенки
доаѓање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи