а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

длабоко

Вид збор: Прилог
1. Во вертикален правец, во длабочина.
Англиски: deeply Албански: thellë
Примери:
Тонеа длабоко над колениците во мекиот снег.
2. Во хоризонтален правец, во далечина.
Англиски: far Албански: thellësisht
Примери:
Длабоко зад селото се простира големо мочуриште.
3. Одамна, далеку во временска смисла.
Албански: thellë
Примери:
Да се постави така работата, значи да се навлезе подлабоко во историјата на тој народ.
4. силно, интензивно
Англиски: deeply Албански: thellësisht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја наведна главата и длабоко се замисли.
Длабоко го навреди.
Изрази
Угоре високо - удолу длабоко - безизлезна состојба.
Изведенки
длабочко прил.
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи