а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

длабина

мн. длабини
Вид збор: Именка, женски род
1. Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.
2. Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто.
Англиски: depth Албански: thellësi
Примери:
Полека навлегоа во длабините на густата шума.
3. Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Англиски: depth Албански: mendim i thellë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговото дело се карактеризира со длабина и мудрост.
Изрази
Во длабините на душата (срцето) - длабоко во себе.
Од длабината на душата (мрази, сака, чувствува) - во најголема мера, многу, силно.
Изведенки
длабински прид.
длабинскиот
Што оди во длабина.
Пример: Длабинска анализа. Длабинска структура.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи