а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дише

дишат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Вовлекува воздух во организмот (преку нос или уста) и го испушта од себе, вдишува и издишува.
Англиски: breathe Албански: merr frymë
Примери:
Дишеше длабоко и гледаше во темнината.
Тешко дишеше.
2. Живее, постои, покажува знак на живот.
Англиски: live Албански: jeton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Градот дише сиромашки.
3. Се пројавува, се изразува со нешто, на некој начин.
Англиски: manifest Албански: manifestoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Поетски занес дише и од писмото на постариот брат.
Изрази
Го знам како дише - добро го познавам.
Изведенки
диши несв.
дишат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи