а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

директен

директни
Вид збор: Придавка
1. Што е поврзан, што се прави без посредник.
Англиски: direct Албански: i drejtpërdrejtë
Примери:
директен контакт
директно прашање
директен одговор
директна врска
директен следбеник
2. За човек - што е отворен, што не премолчува.
Англиски: open Албански: i drejtpërdrejtë
Примери:
Директен човек - сѐ што има, ќе ти каже.
3. За телевизиски или радиопренос - што се врши во истиот момент кога се случува настанот.
Англиски: live Албански: i drejtpërdrejtë
Примери:
Директен пренос на натпреварот.
Директен пренос на Евровизија.
4. За превозно средство - што врши превоз без застанување на попатни станици.
Англиски: direct Албански: direkt
Употреба: Транспорт
Примери:
директен автобус
FlexiMac
 менување на македонски глаголи