а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дизгин

мн. дизгини
Вид збор: Именка, машки род
Еден од двата краја на уздата, каишот, ременот што се држи кога се управува впрегнат коњ.
Англиски: rein Турски: dizgin
Примери:
Со дизгини в раце.
Ги затегна дизгините.
Ги тргаше дизгините.
Изрази
В раце ги држи дизгините - се е под контрола, управува со ситуацијата.
Ги стегне/стегнува, притегне/притегнува дизгините - постапи, постапува строго кон некого, управува, владее со некого.
Ги олабави/олабавува, испушти/ испушта, (от)пушти дизгините од рацете - (из)губи авторитет, власт, (по)пушти од строгоста.
Ги скина дизгините - се ослободи од нешто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи