а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дига

дигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Преместува или става на повисоко место.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Ја дига главата и го гледа.
2. качува, крева
Англиски: raise Албански: ngjitet
Примери:
Планира да го дига на таван.
3. Зголеми цени.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Постојано ги дигаат цените.
4. минира
Англиски: blow up Албански: destabilizoj
Примери:
Претел дека ќе ја дига куќата во воздух.
5. Дава поголем влог од другиот.
Албански: shton
Примери:
Ја дига понудата.
6. (се дига) се искачува
Англиски: climb Албански: ngrihet
Примери:
Секој втор ден се дига на врвот од ридот.
7. (се дига) се спротивставува, се побунува
Англиски: raise Албански: rritet
Примери:
Се дигаат на бунт против власта.
8. (се дига) Си придава голема важност, се прави важен, се фали.
Англиски: puff up Албански: lëvdohet
Примери:
Ај, не се дигај толку!
9. (му се дига) Сексуално се дразни.
Англиски: erect
Употреба: Вулгарно
10. (му го дига) Сексуално го возбудува или привлекува.
Англиски: erect
Употреба: Вулгарно
Изрази
Дига прашина - создава проблеми за неважни работи.
Дига чалами - се фали.
Се дига на големо (на високо) - се замислува, се прави многу важен.
Изведенки
дигање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи