а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дејствува

дејствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Врши некое дејство.
Англиски: act Албански: veproj
Примери:
Тие се здоговориле да дејствуваат заедно.
Тој живееше и дејствуваше како писател и револуционер во еден пресуден период.
2. Има влијание, се одразува.
Англиски: influence Албански: ndikon
Примери:
Сите тие часови како отров дејствуваа врз нашите срца.
Професорот дејствуваше на учениците повеќе да учат.
Сликата многу пријатно дејствува на нас.
3. Остава впечаток, изгледа.
Англиски: impress Албански: lë përshtypje
Примери:
Оваа девојка му дејствуваше толку познато.
Нејзиното брзо реагирање дејствуваше мошне уверливо.
Изведенки
дејствување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи