а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дерач

мн. дерачи
Вид збор: Именка, машки род
1. Тој што дере кожа на животни, на добиток.
Англиски: skinner Албански: rrjepës
Примери:
Дерач на пцовисан добиток.
2. Катник кај животните што служи за раскинување на пленот.
Англиски: fang Албански: dhëmballë
Употреба: Зоологија
Примери:
Вепарски заби, секач и дерач.
3. Специјален нож што служи за дерење кожа.
Албански: thikë për rrjepje
Примери:
Ја одра кожата и потоа го забоде дерачот во земјата.
4. Тој што наплатува премногу, што пљачка, што на подмолен начин зема повеќе пари.
Англиски: skinner Албански: rrjepës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дерач е тој, ме одра последниов пат.
Тој е дерач и комарџија.
Сакаат и кожата да ни ја симнат тие дерачи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи