а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дели

делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка.
Англиски: divide Албански: ndaj
Примери:
Децата го делеа лебот на еднакви парчиња.
Ги пржеа рипчињата и ги делеа на сите.
Дружината ја делеше својата пљачка.
2. Направи, прави поделба на категории, групи, класи и сл.
Англиски: subdivide Албански: nëndarje, kategorizim
Примери:
Јас не ги делам луѓето на лоши и арни.
Бродовите ги делеле на три групи.
Според видот, глаголите ги делиме на свршени и несвршени.
3. Разграничи, разграничува две нешта или едно од друго нешто.
Англиски: separate Албански: ndaj, separoj
Примери:
Долината ги делеше двете планини.
Реката го дели полето на три дела.
Многу нешта нè делат.
Беше потпрена на работ што го дели огништето од ѕидот.
4. Разграничи нешто по време и растојание.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Еден чекор го делеше од работ на бездната.
Од карпата го делеа само стотина метри.
Токму еден век нè дели од тоа време.
5. Направи, прави поделба во едно семејство, раздели, разделува, оддели, одделува од некого или од нешто.
Англиски: divide Албански: ndaj
Примери:
Родителите ги делија младите една недела по свадбата.
Ништо не може да ме дели од тебе.
Јатрвите ги делија браќата.
6. Изгледа поинаку, се разликува, двои од нешто.
Англиски: distinguish Албански: dalloj, klasifikoj
Примери:
Само сивите очи и белите заби делеа во бојата.
7. Користи, располага со нешто заеднички.
Англиски: share Албански: ndaj
Примери:
Тие ја делат власта и фронтот.
Се сложија да живеат под еден покрив, да делат една соба.
8. Прифати нечие мислење, став, се согласи за нешто со некого.
Англиски: share Албански: ndaj
Примери:
Јас не го делам тоа мислење.
Никој не ја дели нејзината желба за совршенство и чистота.
9. Упати зборови, искаже, намени, даде од себе некому нешто.
Англиски: distribute Албански: ndaj, jap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој им дели мошне штедри и ласкави епитети.
Судијата продолжил да дели правда.
10. Сподели, споделува, преживее, преживува нешто со некого.
Англиски: share Албански: ndaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе делиме заедно и добро и зло.
Не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи тука.
Сака со некого да ја дели одговорноста.
11. Врши операција делење на некој број.
Англиски: divide Албански: pjesëtoj
Употреба: Математика
Примери:
Наполно потонати во работата, тие множат, делат и собираат.
12. (се дели) Се раздвои, се раздвојува, се раздели, се разделува на делови.
Англиски: divide Албански: ndaj, coptoj
Примери:
Реката се делеше во два ракава.
Патеката по која одеше се делеше на две.
На ова место се дели патот.
13. (се дели) Се раздели на групи, категории и сл.
Англиски: subdivide Албански: ndja, kategorizoj
Примери:
Луѓето почнаа да се собираат и да се делат на групи.
За него, сите девојки на светот се делат на две сорти.
Гласовите се делат на две групи: самогласки и согласки.
14. (се дели) Се оддалечи, се одвои, се раздели од некого или од нешто.
Англиски: separate Албански: ndaj, veçoj
Примери:
Двајцата браќа сè заедно работеле и никогаш не се делеле.
Не се делам јас од неа.
Тешко му беше да се дели од родното место.
15. (се дели) Се оддели, се издвои (со имотот) од семејството.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Синовите веднаш по женидбата се делија.
Треба да ги натерам браќата да се делат.
Јас ќе се делам од дома.
16. (се дели) Се оддели од нешто, не може да остане во цврст спој.
Англиски: separate Албански: ndaj, veçoj
Примери:
Превареното месо се делеше од коските.
Сувата кора се делеше од стеблото и паѓаше.
Изрази
Како што му делиле - како што знае и умее.
Толку му делиле - толкави му се умствените способности.
Залакот го дели (со некого) - иако нема и за себе доволно, помага, дава некому нешто.
Залакот го дели (со некого) - има еднаква судбина, живее во еднакви услови.
Изведенки
делење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи