а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

делириум

мн. делириуми
Вид збор: Именка, машки род
1. Од различни причини (висока температура, болест, алкохол) поматеност на свеста проследена со халуцинации.
Англиски: delirium Албански: delirium
Употреба: Медицина
Примери:
Подолго време е во делириум.
2. Силна возбуда, занес, одушевеност, опиеност.
Англиски: enthusiasm Албански: entuzazëm, delirium
Употреба: Преносно значење
Примери:
Публиката беше во делириум.
Изрази
Делириум тременс - алкохолно лудило.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи