а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

деликатен

деликатни
Вид збор: Придавка
1. сложен, замрсен, тежок
Англиски: delicate Албански: delikat
Примери:
деликатен проблем
деликатно прашање
деликатна работа
деликатна тема
Сложена, деликатна и одговорна ситуација.
Се најде во деликатна состојба.
2. внимателен, учтив, чувствителен
Англиски: sensitive Албански: delikat
Примери:
Тој е фин и деликатен.
деликатен профил
деликатни движења
Треба да се биде деликатен, претпазлив.
3. Што бара посебен однос и внимание.
Англиски: delicate Албански: delikat
Примери:
Таа е деликатна жена.
4. вкусен
Англиски: tasty Албански: i shijshëm
Примери:
Јаде деликатни и грижливо подготвени јадења.
Изведенки
1. деликатно прил.
На деликатен начин, тактично.
Пример: Почна околу-наоколу, деликатно.
2. деликатност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи