а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дебел

дебели
Вид збор: Придавка
1. Што има широк напречен пресек, што има големи димензии.
Англиски: thick Албански: i trashë
Примери:
дебел ѕид
дебели чаши
дебела гранка
2. За луѓе, животни, делови од телото - згоен, полн.
Англиски: fat Албански: i trashë, i majur
Примери:
Влегува дебела старица.
Има дебели нозе.
дебела мачка
3. густ
Англиски: dense Албански: i trashë, i dendur
Примери:
дебела сенка
дебела модра крв
дебела каша
4. За глас - силен, длабок.
Англиски: low Албански: i trashë, i thellë
Примери:
дебел глас
5. обилен, богат, скап
Англиски: big Албански: i madh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прима дебела плата.
Ќе плати дебела алиментација.
Изрази
Дебела глава - човек што тешко сфаќа.
Го извлече подебелиот крај - помина полошо од другите.
Изведенки
дебело прил.
Пример: Дебело се офајди.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи