а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

даде

дадам
Вид збор: Глагол, свршен
1. Врачи нешто од едни раце во други.
Англиски: give Албански: dha
Примери:
Ми даде вода.
Дај ми книга!
Дај ја личната карта!
2. Препушти нешто во сопственост на друг.
Англиски: give Албански: dorëzoj
Примери:
За роденден му даде подарок.
3. омажи
Англиски: marry Албански: martoj
Примери:
Ја дадоа за богат старец.
4. Испрати некого некаде на работа, се погрижи за неговата работа.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Го даде чирак.
Го даде во интернат.
5. плати, размени, продаде
Англиски: exchange Албански: këmben
Примери:
Го дадов коњот за вреќа брашно.
Колку даде за куќата?
Даде пари за куќата.
6. Одреди години, возраст.
Англиски: estimate Албански: vlerësoj
Примери:
Никој не би ѝ дал повеќе од триесет и пет години.
7. Се закани со казна, со ќотек.
Англиски: threaten Албански: kërcnoj
Примери:
Ќе ти дадам јас тебе добра лекција.
8. произведе, роди, носи
Англиски: produce Албански: prodhoj
Примери:
Нивата даде род.
9. Одржи, изведе, приреди нешто пред публика.
Англиски: bring Албански: dërgoj
Примери:
Даде концерт.
Даде претстава.
10. дозволи, допушти, се согласи
Англиски: allow Албански: lejoj
Примери:
Не ѝ даде да оди кај татко ѝ.
11. Предаде, испрати некому во надлежност.
Англиски: surrender Албански: dorëzoj
Примери:
Даде оглас во весник.
Даде оставка на функцијата.
12. жртвува
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikon
Примери:
Го даде својот живот за татковината.
13. Однесе некаде нешто.
Англиски: bring Албански: dërgoj
Примери:
Го даде автомобилот на поправка.
14. Отуѓува, дели несебично.
Англиски: give Албански: shpërndan
Примери:
Тој даде крв.
15. Приреди, настапи пред публика.
Англиски: give Албански: prezantoj
Примери:
Оркестарот даде концерт во МНТ.
16. Со именка, може да го замени глаголот именуван со именката.
Англиски: give Албански: jep
Примери:
Даде наредба - нареди.
Даде одговор - одговори.
Даде гаранција - гарантира.
17. (се даде) Се држи, не се предава (обично одречно).
Англиски: surrender Албански: nuk dorëzohet
Примери:
Тој не се даде никому.
Изрази
Даде Бог - изразување желба, преколнување.
Даде збор, аманет - вети, се заколне.
Даде глас - се согласи.
Даде глас - се јави, се огласи.
Даде глава (рака, живот, збор) - цврсто гарантира.
Даде сè од себе - направи сè што може.
Изведенки
1. дава несв.
даваат
2. давање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи