а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дави

дават
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Насилно сопира нечие дишење, стега за врат.
Англиски: suffocate Албански: i zë frymën
Примери:
Тие луѓе пукаат, колат, дават, уништуваат без милост и разум.
2. Убива со задушување или со фрлање во вода.
Англиски: drown Албански: mbyt
Примери:
Фати да го дави во замрзнатото мочуриште.
3. Отежнува, спречува дишење, стеснува грло.
Англиски: suffocate Албански: i zë frymën
Примери:
Го дави кашлицата.
Ковче во грлото ме дави.
4. мачи, исцрпува, угнетува
Англиски: torment Албански: mundim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Болка ме дави.
5. Досадува некому со зборување.
Англиски: bore, pester Албански: mërzit
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги дави луѓето со своите приказни.
Го давеше со разни прашања.
6. (се дави) Тоне, пропаѓа во вода (за живо суштество).
Англиски: drown Албански: mbytem
Примери:
Бегалците паѓаа од чамецот и се давеа.
7. (се дави) Тешко дише, се задушува.
Англиски: suffocate Албански: i zë frymën
Примери:
Старецот се давеше во чадот од цигарите.
8. (се дави) Нагло, лакомо, многу јаде.
Англиски: stuff Албански: fus
Употреба: Разговорно
Примери:
Се дави во торти.
Изведенки
давење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи