а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гума

мн. гуми
Вид збор: Именка, женски род
1. (едн.) Еластична, растеглива материја добиена со вулканизација на суров каучук.
Англиски: rubber Албански: gomë
2. Надворешна обвивка на тркалата на возилата.
Англиски: tire Албански: gomë
Примери:
Гума за велосипед.
Автомобилска гума.
3. Парче обработен каучук (гума) што се користи за бришење на напишаното со молив или со пенкало.
Англиски: eraser Албански: fshirëse
Примери:
Гума за бришење.
Изведенки
гумичка ж.
мн. гумички
(дем.) Гума за бришење на напишаното со молив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи