а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

груб

груби
Вид збор: Придавка
1. Што е рапав, што не е мазен.
Англиски: coarse Албански: i ashpër, i vrazhdë
Примери:
грубо платно
2. Што е строг, нечувствителен, неучтив.
Англиски: rude Албански: i ashpër, i vrazhdë
Примери:
груб човек
груб однос
3. Што е грд, со неправилни црти.
Англиски: rough Албански: i vrazhdë
Примери:
Селанката беше грубо во лицето.
4. За глас - што е непријатен, немелодичен, рапав.
Англиски: coarse Албански: i trashë
Примери:
Ми се обрати со груб глас.
5. Што е приближен, општ.
Англиски: rough Албански: i përafërt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во груби црти.
6. Што е тежок, недопустлив.
Англиски: inadmissible Албански: i rëndë, i papranueshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
груба грешка
груб прекршок
7. Што е тежок, суров.
Англиски: raw Албански: i ashpër, i rëndë
Употреба: Преносно значење
Примери:
груба стварност
Изведенки
1. грубо прил.
Пример: Тој се однесуваше многу грубо кон неа.
2. грубичок прид.
грубичкиот
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи