а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

грозје

мн. грозја
Вид збор: Именка, среден род
1. Плод на виновата лоза.
Англиски: grape Албански: rrush
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Примери:
На пазарите имаше изобилство од црно и од бело грозје.
Суво грозје.
2. Растенија со плод или цвет слични на грозје.
Англиски: bunch of grapes Албански: hardhi
Употреба: Ботаника
Примери:
Диво грозје - боровинка (Vaccinium myrtillus).
Мечкино грозје - вид боровинка со црвени зрна (Vaccinium vitis idaea).
Кукавичино грозје - вид пролетно, ливадско цвеќе со цветчиња слични на зрната на грозјето (Muscari botryoides).
Изрази
Каква е лозата, такво е грозјето - каков татко, таков син.
Кисело е грозјето - кога е нешто недостапно.
Изведенки
грозјенце ср.
мн. грозјенца
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи