а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гроб

мн. гробови
Вид збор: Именка, машки род
Ископана дупка во која се погребува мртовец.
Англиски: grave Албански: varr, vorr
Изрази
Му (го) копа гроб - прави нешто за да уништи некого.
Со едната нога е в гроб / мириса на гроб - се наоѓа пред умирање.
Се превртува в гроб - и мртвиот би реагирал на некоја лоша или срамна работа.
Тајната ја однесе в гроб - никому не кажал.
До гроб - засекогаш.
Подобро гроб отколку роб - и смртта е подобра од ропството.
Изведенки
гропче ср.
мн. гропчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи